Top Sport

Меси: Синот ме праша зошто ме „убиваат“ во Аргентина

Најдбриот аргентински фудбалер, Лионел Меси, со Барселона ги освоил сите трофеи на клупско ниво, но со репрезентацијата се уште не направил голем резултат. Три пати Меси и Аргентина играле финалиња, два пати биле поразени од Чиле во Копа МАерика, а еднаш од Германија на Светското првенство.

Светското првенство во Русија се најавуваше како можност Меси конечно со репрезентацијата да стигнедо голем трофеј. Меѓутоа „гаучосите“ во Русија доживеаја дебакл, испаднаа во осмина-финалето до Франција (2:4).

Аргентинската јавност на „нож“ го дочека Меси по неуспехот на Мундијалот, го нападнаа дека поради него Мауро Икарди не е во репрезентацијата. Исто така медиумите тврдеа дека атмосферата во националниот тим со години е лоша и дека во соблекувалната владеат кланови.

„Мојот син ме праша: Тато, зошто толку те „убиваат“ во Аргентина?“, рекол Меси, зборувајќи за состојбите во националниот тим и дополнил.

„Нашата генерација е злоставувана од страна на јавноста. Ние сме професионалци и сакаме да освојуваме титули со репрезентацијата. За својата земја секогаш ќе бидам тука, со надеж дека ќе направиме голем резултат, иако семејството и пријателите ми кажаа дека повеќе не треба да играм за репрезентацијата. Тоа ми го кажаа поради сите текстови и негативни коментари. Навикнат сум да не ја зборуваат вистината за мене. Лесно им е да ги измислат работите кога јас не сум присутен“, заклучил еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Scroll to Top