Top Sport

Џеко пред трансфер во Фенербахче

Един Џеко до крајот на денот ќе се пресели во Фенербахче, пишуваат бројни турски медиуми. Новинарот Синан Енгин, тврди дека двете страни треба да договорат уште некои детали пред да биде потпишан договорот.

„Изворот кој го потврди трансферот на Озил, преку порака ме извести дека Џеко доаѓа во клубот“, рекол Енгин.

Еден Џеко, по вербалната пресметка со тренерот Паоло Фонсека, е отстранет од тимот. Тој не беше во протоколот на последните два натпревари, а последните неколку дена индивидуално тренира.

Неговото име се поврзуваше со Интер, меѓутоа преговорите околу трансферот завршија неуспешно.

Scroll to Top