Top Sport

Џеко прво дипломираше, а потоа даде гол за БиХ!

Босанскохерцеговскиот голгетер Един Џеко доби факултетска диплома од областа на спортски менаџмент во Сараево, еден ден откако го постигна единствениот гол за неговата репрезентација при 1:0 победата над Австрија во Лигата на нации.

Помеѓу својата работа како напаѓач за Рома, Џеко успеа да најде време да студира на Факултетот за спорт и физичко воспитување на Универзитетот во Сараево и во понеделникот ја доби дипломата по три години студии.

Scroll to Top