Top Sport

Шефот на Ферари му се извини на Ботас за коментарот дека е „слуга“

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене вели дека лично му се извинил на Валтери Ботас за коментарите кои ги даде по Италијанското ГП.

Кога беше запрашан зошто Кими Раиконен не му помогна на Себастијан Фетел на трката во Монца, Аривабене кратко изјави: „Ние имаме возачи, не слуги“. Сега, Италијанецот вели дека не мислел ништо лошо.

„Кога го кажав тоа во жарот на битката, веднаш знаев дека ќе предизвика контроверзи. Се слушнав со Валтери Ботас и сакав да му се извинам и да ме сфати што мислев. Тоа ми се лизна од јазикот и не сакам да го оценувам така Ботас. Го почитувам како возач“, изјави Аривабене за „Аутоспринт“.

Дел од фановите смета дека во Монца немаше тимски наредби бидејќи на Раиконен веќе му беше кажано дека нема да биде дел од тимот во 2019, но Аривабене вели дека е невозможно да има тимски наредби на стартот.

„Само им кажав на двајцата да не направат нешто глупаво. Тоа што го направи Кими ќе го направеше и Луис Хамилтон или Себастијан Фетел“, додава Аривабене.

Аривабене: Во Ферари возат вистински возачи, а не „слуги“ како Ботас

Scroll to Top