Top Sport

Џеко се договорил со Вест Хем

Един Џеко успешно ги завршил преговорите со Вест Хем, објавија италијанските медиуми. Репрезентативецот на БиХ, со клубот од Лондон, ќе потпишел две годишен договор, а ќе заработувал 4,5 милиони евра по сезона. Истата плата Џеко ја има и во Рома.

Џеко (33) има договор со Рома до јуни 2020 година. Сезонава е далеку од формата во која играше претходно, поради што во клубот решиле да го продадат.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома ќе треба со Вест Хем само да го договорат обесштетувањето. Од Лондон за услугите на Џеко понудиле 20 милиони евра.

Сезонава, напаѓачот, има постигнато само 12 гола на 32 одиграни натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top