Един Џеко синоќа постигна еден од двата гола со кои Рома славеше победа над Верона 2:1 и го запиша своето име во историјата на клубот од „Олимпико“.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина кој е играч на Рома од сезоната 2015/2016, синоќа стана најдобриот стрелец-странец во историјата на Рома. Голот што го постигна против Верона беше негов 105 во дресот на „волчицата“.
На листата тој го мина Аргентинецот Педро Манфредини кој играл во Рома од 1959 до 1965 година.
?? @EdDzeko ??
After tonight's goal, Edin is now the top-scoring non-Italian player in #ASRoma history!
?⚽️? pic.twitter.com/NodUJ8lGcL
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 15, 2020
Зад себе Џеко ги остави славните Абел Балбо и Руди Фелер.
На вечната листа на Џеко му се потребни уште два гола за да го мине на четвртото место Родолф Волко.
Најдобар стрелец на сите времиња во Рома е Франческо Тоти со 307 гола.