Top Sport

Џенаро Гатузо доби отказ од Наполи

Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на калчолигашот Наполи. Му пресуди синоќешниот неуспех против тимот на Верона (1-1) и испуштената позиција за пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Наполи е најголемиот губитник по последното коло, а екипата одигра очаен меч. Навивачите на клубот посебно се разочарани што нивното место во ЛШ го зазема омразениот Јувентус.

Претседателот на клубот од Неапол – Аурелио Де Лаурентис на Твитер објави дека синоќешниот меч беше последниот за Гатузо на клупата на клубот.

„Драг Рино, среќен сум што последните две сезони ги поминав со тебе. Ти благодарам за се што направи, ти посакувам среќа каде и да одиш. Им испраќам прегратки на жена ти и на децата“ – напиша Де Лаурентис.

Гатузо (43) го презема Наполи во декември 2019 година откако Карло Анчелоти доби отказ.

Scroll to Top