Top Sport

Џенас: Мурињо е негативен човек, Тотенхем нема идентитет!

Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Џермејн Џенас смета дека Жозе Мурињо донел негативна атмосфера во клубот кој го загубил својот идентитет по што во текот на летниот преоден рок му се потребни драстични промени.

Португалецот вети дека ќе биде успешен во северен Лондон откако го замени Маурисио Почетино, посочувајќи дека во сите клубови кои ги предводел освоил некаква титула. Но, Тотенхем падна во катастрофална форма во последните месеци по низата повреди во тимот, и Џенас вели дека 57-годишниот Мурињо прерано почнал за слабите резултати да ги обвинува фудбалерите.

„Ќе ја резервирам проценката на Жозе до летото, додека не донесе нови фудбалери, бидејќи и самиот сметам дека досега тие потфрлија. Но, нешто не ми се допаѓа веднаш – неговата негативност. Пораката која ја праќа до фудбалерите и до навивачите не е убава. Знаеме дека се повредија Кејн и Сон, но мора да има попозитивен став кон своите фудбалери, иако во моментов не знам каков фудбал играат. Дали се тим кој е базиран на додавања? На пресинг? На контра-напад? Никој не знае“, вели Џенас.

Scroll to Top