Top Sport

Игало подготвен да добива 50 отсто пониска плата за да остане „ѓавол“

Одион Игало со задоволство би прифатил да добива 6 милиони фунти пониска плата годишно за неговата позајмица во Манчестер јунајтед да се претвори во постојан трансфер, јавува британскиот „Сан“.

Нигериецот е позјамен од кинескиот клуб Шангај шенхуа до крајот на сезоната, но доволно го импресионираше Оле Гунар Солскјер за да добие постојан договор. Напаѓачот заработува 240.000 фунти неделно во Шангај, но не би му пречело да добие и до 50 отсто пониска плата само да игра за Јунајтед.

Договорот на Игало со Шангај трае до почетокот на 2021, но Јунајтед во договорот за позајмица имаат опција да го откупат неговиот договор. 30-годишниот ветеран има 4 гола во 8 настапи за Јунајтед помагајќи клубот да влезе во низа од 11 меча без пораз пред паузата поради корона вирусот.

Scroll to Top