Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Џермејн Џенас вели дека неговиот поранешен тим нема правец под Жозе Мурињо и се согласува со тренерот дека ѕвездите на тимот не покажале дека се многу вознемирени при 1:0 поразот од Евертон.
Мурињо по мечот изјави дека дел од неговите играчи изгледале „мрзеливо“ и Џенас се сомнева дека во тимот има сериозни проблеми во лондонскиот клуб.
„Бев зачуден и разочаран како секој фан на Тотенхем по поразот во неделата. Колку и да беа добри Евертон, а беа многу добри, посебно Хамес Родригез, Спарси беа многу слаби. Ако продолжат да играат вака, не знам каква сезона ќе имаме, но сигурно нема да уживаме. Тимот изгледаше како група фрустрирани фудбалери без насока, што е нависина чудно. Што и да мислите за играта на Мурињо, тие обично се подготвени. Сега, изгледаа недоволно подготвени, како да не се познаваат. Не знам зошто. Знам дека навивачите на Тотенхем ќе бараат засилувања, но тоа нема да реши ништо“, вели Џенас.