Џенова, вечерва, без Горан Пандев ќе му се спротивстави на лидерот во Серија А, Милан.
Капитенот на Македонија,поради болки во грбот, дуелот ќе го следи од трибините. Не е познато дали повредата е сериозна и колку време Пандев ќе отсуствува од фудбалските терени.
Дополнителните прегледи ќе ја откријата колку е сериозна повредата на 37-годишниот фудбалер.
Џенова во дуелот со лидерот на табелата, ќе влезе од претпоследната позиција на табелата. Тимот за кој настапува Пандев во првите 11 рунди има освоено само шест бода.
Maran perde #Pandev: l'ex Inter non ci sarà contro il #Milan https://t.co/o0EDHdtPQZ
— MilanPress (@MilanPress_it) December 15, 2020