Аталанта и Џенова имаа неколку шанси, но гостите успеаја да си заминат од Бергамо со поен по 0:0 ремито, откако тактиката на Давиде Балардини беше успешна против Аталанта, клуб кој обично постигнува многу голови.
Дуван Запата имаше две одлични шанси за Аталанта во првото полувреме, но и Џенова беше опасна на котнранапад, посебно преку Шомуродов. Најдобрата шанса на натпреваротја имаше Ханс Хатебор, кога во 64. минута ја стресе гредата, додека Горан Пандев доби шанса да влезе во последните 20-тина минути на местото на Марко Пјаца, откако ги пропушти последните четири меча за Грифоне поради повреда.
Аталанта останува шеста со 32 поени, додека Џенова сега е на 16. место со 15 поени, два поени над зоната за испаѓање.