Top Sport

Јовиќ се врати – во Реал два гола во 32 меча, во Ајнтрахт два гола за пола час!

Ајнтрахт Франкфурт стигна до 3:1 победа над Шалке во меч од 16. коло од Бундеслигата, меч кој го одбележа враќањето на српскиот напаѓач Лука Јовиќ во составот на „орлите“, и тоа какво враќање – со два гола!

Откако во Реал Мадрид во 32 меча постигна два гола, за достигнување на цифрата со Ајнтрахт му беа потребни помалку од едно полувреме. Франкфурт водеа со 1:0 со голот на Андре Силва во 28. минута, но веќе следната минута Метју Хопи израмни на 1:1 за Шалке.

Тогаш на сцена стапи Јовиќ. Откако влезе во игра во 62. минута, во 72. минута успеа да го врати водството на Ајнтрахт, за во финишот на натпреварот, во 92. минута да постигне уште еден гол за да го прослави враќањето во Бундеслигата како позајмен фудбалер.

Scroll to Top