Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев одигра едно полувреме во ремито без голови на Џенова кај Торино.
Пандев беше стартер на мечот, но во второто полувреме на негово место на тревникот се појави младиот Шомуродов.
Избраниците на тренерот Балардини и шести меч во Серија А се без пораз и со големи чекори бегаат од опасната зона во Серија А.
Торино пак петти пат во низа игра нерешено во лигата. За нив борбата за опстанок до крајот на шампионатот е реалност затоа што клубот е на само 2 бода од Калјари, екипата која во моментов е во топ 3 за преселба во Серија Б.
За разлика од Торино, Џенова сега е 11-та, со +10 поени од Калјари.