Иако постигна хет трик против Борнемут, голгетерот Мохамед Салах се откажа од признанието само за да разубави јубилејот на неговиот соиграч Џејмс Милнер.
Со трите денешни гола, Салах е на врвот на листата на стрелци со 10 погодоци, но Милнер го играше 500. меч во Премиер лигата, па затоа реши да му го препушти одличјето.
Милнер емотивно го доживеа сето тоа, а пораката од Египќанецот беше : „Го заслужи тој за сета кариера“.
Погледнете:
Mo Salah handing over his motm award. I can’t love this team anymore. #BOULIV #YNWA pic.twitter.com/Q09rbcwtgr
— Mark Hamilton (@Redhammy71) December 8, 2018