Top Sport

Каљари со два црвени картони и скина бод на Рома во 95 минута (видео)

Фудбалерите на Каљари во неверојатен финиш успеаја да и скинат бод на Рома на мечот од 15 коло од италијанската Серија А.

Првото полувреме на мечот наговестуваше лесна победа на Рома, имаа водство од 0-2. Првиот гол за гостите го постигна Кристанте во 14 минута, додека посебно убав беше вториот на Србинот Александар Коларов, од слободен удар во 41 минута.

Во вториот дел Рома ја чуваше предноста се до 85 минута кога најпрво Јонита намали на 1-2 за возбудлив финиш.

Во минутите од судиското продолжение вистинска драма. Кај домаќините од Сардинија во 93 минута втор жолт картон заработи Фараго, а две минути потоа поради навреда кон судијата директен црвен картон заработи Хрватот Дарио Срна.

Сепак, во 95 минута, Сау постигна гол за израмнување и конечни 2-2 на мечот.

Scroll to Top