Top Sport

Џерард „боцка“ за Јунајтед: Беше доста тивко, сум бил на погласни стадиони

Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард беше пречекан со свирежи на „Олд Трафорд“ кога ги предводеше неговите Астон вила на мечот од третото коло од ФА купот против Манчестер јунајтед, а по крајот на мечот не се возддржа да им врати за „топлиот прием“, велејќи дека било „релативно тивко“.

Скот Мектоминеј го постигна единствениот гол во 1:0 победата на Јунајтед, иако Вила доминираше во второто полувреме и им беа поништени два гола. Одговарајќи на свирежите од навивачите, тој беше јасен.

„Релативно тивко! Сум бил на многу побучни стадиони од овој. Мечот беше добар дуел од купот, добра атмосфера… Тоа што јас го добив? Отиде како вода на грбот на патка“, изјави Џерард, кој се сврте кон трибините на „Стрефорд Енд“ кога ги добиваше свирежите на стартот на мечот.

„Топол“ пречек за Стиви Џи на „Олд Трафорд“

Scroll to Top