Top Sport

Џерард главен кандидат за менаџер на Астон Вила

Астон Вила бара нов менаџер, откако вчера го отпушти Дин Смит. Најголема желба на клупските челници, како што тврдат англиските медиуми е Сривен Џерард, актуелниот менаџер на Глазгов Ренџерс.

Џерард е легенда на англисикиот фудбал, кој со Глазгов Ренџерс, бележи одлични резултати. Тој по една деценија успеа да ја прекина доминацијата на Селтик во шктскиот фудбал.

Вила не го крие интересот за перспективниот менаџер, но тука постојат две прашања. Дали тој сака да се пресели во Бирмингем и дали Глазгов Ренџер се подготвени среде сезона да останат без менаџерот.

Доколку не успеат со Џерард, челниците на Вила ќе се обидат со актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез.

Scroll to Top