Астон Вила објави дека нов менаџер на тимот е Стивен Џерард. Поранешниот капитен на Ливерпул, на „Аила парк“, го наследи Дин Смит, кој доби отказ во саботата.
Џерард, ги напушти Глазгов Ренџерс, на чија клупа седеше од мај 2018 година. Астон Вила на „полицајците“ ќе им плати обесштетување од три милиони фунти.
Џерард, минатата сезона со Ренџерс, ја прекина деветгодишната доминација на Селтик. Ренџерс без пораз ја освоија шампионската титула во Шкотска.
Астон Вила се 16. на табелата со само 10 бода. Џерард ќе дебитира против Брајтон на домашен терен.