Поранешниот англиски фудбалски репрезетативец, живата легенда на Ливерпул – Стивен Џерард веќе 3 сезони одлично го води Глазгов Ренџерс, но се чини дека е дојдено времето за нов предизвик во тренерската кариера.
И досега добиваше повици од Премиерлигата, но се чини дека дојде и еден кој е по негова мерка.
Џерард е на чекор до преземање на кормилото на Астон Вила, пишуваат медиумите на Островот.
Клубот од „Вила парк“ имаше одлична мината сезона, но оваа не им оди баш најдобро во елитата, па пред некој ден се разделија со менаџерот Дин Смит по серијата лоши резултати.
„Атлетик“ пренесува дека се е договорено меѓу Вила и Џерард, односно дека останува само уште да се договорат кој се ќе биде во неговиот стручен штаб. Официјалната потврда, наводно, се очекува за 48 часа.
Минатото лето Џерард го поврзуваа со клупата на Евертон, но тој ја одби понудата на „карамелите“.
До сега Ренџерси ги водеше на 193 натпревари, со 65 проценти на победи.
Во моментов Астон Вила е на 15-тата позиција на табелата во ПЛ, а во текот на летото вложија 100 милиони фунти за засилувања.