Top Sport

Џерард ќе го наследи Анчелоти во Евертон?

Тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, би можел да го замени Карло Анчелоти на клупата на Евертон.

Речиси е незамисливо легендата на Ливерпул да стане менаџер на градскиот ривал, меѓутоа токму оваа информација ја пренесуваат англиските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до клубот.

Сепак, како што пишуваат медиумите, Џерард не е единствениот кој се поврзува со клупата на Евертон.

Во комбинација се поранешниот тренер на клубот, сега селектор на Белгија, Роберто Мартинез, потоа тренерот на Акјас, Ерик тен Хаг, ек-тренерот на Рома Паоло Фонсека и Рафаел Бенитез.

Стивен Џерард сезонава ја прекина децениската доминација на Слетик и ја освои титулата со Ренџерс во Шкотска. Џерард со Ренџерс трофејот го освои без пораз.

Scroll to Top