Top Sport

Џерард му ја одзеде капитенската лента на Мингс и го исфрли од тимот

Менаџерот на Астон вила, Стивен Џерард вели дека Тајрон Мингс мора да покаже „значително подобрување“ во фудбалот, но и во однесувањето ако сака да се врати во стартниот тим на клубот, велејќи дека е крајно разочаран од неговото однесување.

Пред стартот на сезоната Џерард му ја одзеде капитенската лента на Мингс за да му ја предаде на Шкотланѓанецот Џон Мекгин, по што го остави на клупата при 2:0 поразот од Бурнемаут. Мингс имаше по 36 настапи во последните две сезони во Вила во Прмеиерлигата и настапи двапати за Англија на Евро 2020.

„Кога ја направив одлуката за капитенската лента, му поставив предизвик на Тајрон. Ако сака да се врати во тимот мора да биде постојан. Кога е во најдобра форма, тогаш ќе дојде кај мене и ќе ми каже дека е подготвен за игра. Дотогаш останува вака“, вели Џерард.

Scroll to Top