Top Sport

Пешиќ го отпиша Теодосиќ, „бунт“ во Србија

По 15 години во српската кошаркарска репрезентација, Србија на Европското првенство во септември, како и во квалификациите за Светското првенство ќе биде без капитенот Милош Теодосиќ, откако селекторот Светислав Пешиќ реши да не го повика ветеранот во составот.

Теодосиќ дебитираше за Србија во 2007 година, и освои сребро на СП во Шпанија во 2014, како и сребро на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2014 година.

Оваа одлука предизвика голема дискусија во Србија, посебно бидејќи Теодосиќ секогаш се јавуваше на повиците на репрезентацијата, но беше противник на идејата дека во репрезентацијата треба да се повика и „странец“, ветувајќи дека ќе престане да игра кога ќе се случи тоа.

Scroll to Top