Наби Кеита е новата „осумка“ на Ливерпул, откако поранешниот капитен Стивен Џерард му ја предаде бројката на Мелвун при потпишувањето на новиот договор.
Новиот играч од средниот ред, кој доаѓа од РБ Лајпциг е првиот кој ќе го носи бројот осум во Ливерпул по заминувањето на Џерард од клубот во 2015 година. Ливерпул плати 48 милиони фунти за фудбалерот од Гвинеја.
„Тоа беше неверојатно за мене. Тој ми го даде дресот број 8 и кога се случи беше големо изненадување. Кога видов дека Стиви Џи е тука бев воодушевен, бидејќи тој е легендарен фудбалер. Некој кој секогаш покажувал респект кон другите, кој го давал максимумот на теренот, и кого го сакаат во Ливерпул. Ова не е игра, ќе се обидам да направам толку колку што направи тој“, изјави Кеита.
✌️ #NK8 pic.twitter.com/ITpwlzgVD2
— Liverpool FC (@LFC) June 27, 2018
Кеита имаше солидна последна сезона во Лајпциг, постигнувајќи девет голови и асистирајќи на уште седум во 39 настапи во сите натпреварувања. РБ Лајпциг стигна до четврт-финалето на ЛШ и заврши како шести во Бундеслигата.
Boss. ?#NK8 pic.twitter.com/FQX94bTFV1
— Liverpool FC (@LFC) June 27, 2018