Top Sport

Џерард: Овој Ливерпул е посилен од „мојот“

Поранешниот капитен на Ливерпул, сега менаџер на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, има целосна доверба во тимот на Ливерппул, кој има перфектен старт во Премиер лигата.

„Црвените“, забележаа победи на првите шест натпревари и со максимален број на бодови ја предводат лигата.

„Кога ќе го погледнам овој тим на Ливерпул не можам да најдам слаба точка, кога тимот е во своето најдобро издание. Ова е многу посилен тим од оној во кој играв јас, дефинитивно најсилниот тим во последните години. Единствено што не е на нивна страна е искуството. Ливерпул изгледа поинаку со доаѓањето на Ван Дајк, Алисон донесе стабилност и доверба, но клучен играч е Фирмино. Тој е апсолутен гениј“, изјавил Џерар за Би-би-си радио.

Ливерпул денес, во дербито на колот, од 18:30 часот ќе му гостува на Челси.

Scroll to Top