Top Sport

Сент-Етјен ја зголеми кризата во Монако (видео)

Сент-Етјен, благодарение на двата гола на Вахби Хазри стигна до 2:0 победа над Монако, зголемувајќи ја кризата во клубот кој пред само две сезони беше шампион на Франција, а сега е во зоната на испаѓање по осум меча.

Хазри прво во 41. минута доби прекрасна топка од Селнаес, за со одлично свртување да го совлада Бенаљо. Во 54. минута, Хазри повторно беше на вистинското место, кога по една грешка на средниот ред на Монако, од дваесетина метри упати неодбранлив удар.

Со оваа победа, трета во низа за „зелените“, Сент-Етјен се искачи на второто место во Франција со 15 поени, шест помалку од недопирливите ПСЖ. Монако е на 18. место со само шест поени и со низа од шест натпревари без победа поставувајќи притисок на тренерот Леонардо Жардим.

Scroll to Top