Стивен Џерард признава дека мора да размисли за својата иднина како прв човек на Глазгов Ренџерс, откако тие доживеаја изненадувачки пораз од 1:0 од Хартс за да испаднат од Шкотскиот куп.
Само пред три дена, Ренџерс се пласираа во осминафиналето на Лига Европа, победувајќи на гости кај Брага со 1:0, но во домашниот шампионат, Ренџерс заостануваат 12 поени зад Селтик и најверојатно се пред нова сезона без трофеј. Уште полошо, Хартс, кои се борат за опстанок во лигата, целосно ги надиграа Ренџерс.
„Многу сум разочаран, ова е најлошото нешто што сум го почувствувал откако пристигнав во Глазгов. Во средата бев најгордиот човек во Европа, бидејќи тоа беше резултат за кој работевме две години. Но, две сезони без трофеј не се доволни, јас не сум тоа. Треба да размислам. Имам сериозен предизвик во следните 24 до 48 часа“, изјави легендата на Ливерпул.