Стивен Џерард признава дека еден не толку далечен ден ќе му рече целосно збогум на фудбалот за да може да се посвети на своето семејство и пријателите.
Џерард стана тренер на Глазгов Ренџерс во 2018 година, само две години откако ја заврши играчката кариера како легенда на Ливерпул, и се надева дека Ренџерс ќе ги донесе до првата шкотска титула од 2011 година.
Во интервју, Англичанецот признава дека неговата сопруга Алекс би сакала тој да има повеќе време за неа и за семејството.
„Кога ги претставуваш Ренџерс знаеш што им значи тоа на луѓето, но во моменти тоа доминира со твојот живот и тоа не можеш да го контролираш. Ќе дојде време во мојот живот кога ќе морам да се откажам од фудбалот за моето семејство и самиот себе, да добијам мир. Уште не сум подготвен за тоа, полн сум со енергија и мислам дека можам да помогнам, да остварам некои работи. Но, за Алекс и децата дома, јасно е дека еден ден ќе бидам 100 отсто нивни. Алекс би сакала тоа да се случи утре. Таа ме спушта долу кога ќе се вратам дома и мислам дека сум фантастичен бидејќи победив на еден меч. Исто така, таа ме крева кога ќе сум долу и го живее фудбалот заедно со мене“, вели Џерард.