Top Sport

Ван Бастен: Ван де Бек згреши со Јунајтед, но парите го излажаа

Холандската фудбалска легенда, Марко ван Бастен смета дека Дони ван де Бек направил голема грешка што се преселил во Манчестер јунајтед и дека ќе зажали за трансферот, откако 23-годишниот фудбалер од средниот ред одигра само 61 минута во Премиер лигата досега за „ѓаволите“ и покрај тоа што тие платија 40 милиони фунти за нив.

Ван Бастен, кој имаше блескава кариера со Ајакс и Милан, пред повредите да го примораат на пензија, вели дека сонародникот требал да ја чека Барселона.

„Дони не требаше да отиде во Манчестер јунајтед, бидејќи кога си добар фудбалер сакаш да играш секоја недела. Лошо е за фудбалер од таков тип да одигра само шест-седум меча и тоа влијае на тебе. Знам дека сега заработува многу повеќе од претходно, но мора да размислуваш и за тоа да играш. Имаше и други клубови кои ќе го земеа“, вели Ван Бастен.

Ван де Бек заработуваше околу 40.000 евра неделно во Ајакс, а сега во Јунајтед зема најмалку 120.000 евра.

Зошто Јунајтед го купија Ван де Бек кога не им е потребен?

Scroll to Top