Top Sport

Џерард со Астон Вила го победи Евертон

Отказот што го доби Рафа Бенитез не смени ништи на „Гудисон парк“. Евертон, во првиот денешен натпревар одигран во 23.коло, доживеа пораз од Астон Вила.

Привремениот тренер, Данкан Фергусон, не успеа да ја раздвижи екипата по отказот што го доби Бенитез. Легендарниот Шкот го доживеа првиот пораз како менаџер на Евертон, во минатото, исто така како привремено решение ги водел „карамелите“ на четири средби.

Евертон одиграа лошо првото полувреме, во кое беше постигнат единствениот гол. Аргентинецот Емилијано Буендија, постигна гол буквално во последните секунди од првото полувреме.

Во вториот дел, Евертон играа подобро, упатија 15 удари, но само еден од нив одеше во рамките на голот.

Вила со овој триумф дојде до 26 бод во сезоната, тимот на Стивен Џерард сега е на 10.место. Евертон, како сега стојат работите ќе се бори за опстанок. „Карамелите“ се 17. со само 19 бода.

Scroll to Top