Top Sport

Џерард со Вила гостува на „Олд Трафорд“ во третото коло на ФА купот!

Ждрепката не беше милозлива кон Стивен Џерард, откако легендата на Ливерпул, а сега менаџер на Астон вила ќе мора да гостува кај Манчестер јунајтед во третото коло на ФА купот, каде што се приклучуваат премиерлигашите.

Европските шампиони Челси, пак, ќе ги пречекаат Честерфилд, моменталните лидери на петтата лига (Национална лига), Арсенал гостуваат кај Нотингем форест во обид да избегнат сензационално испаѓање како во 2018, Ливерпул ги пречекуваат Шрузбери таун (повторно), додека Манчестер сити гостуваат кај четвртолигашот Свиндон таун.

Тотенхем ќе ги пречекаат третолигашите Моркемб, додека во дуел на два премиерлигашки тимови, Вест хем ќе ги пречекаат Лидс јунајтед, а во лондонското дерби, Милвол ќе ги пречекаат Кристал палас.

Scroll to Top