Top Sport

Атила Салаи во јануари пристигнува во Челси

Унгарскиот дефанзивец на Фенербахче, Атила Салаи во јануари ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, тврди селекторот на унгарската репрезентација, Италијанецот Марко Роси, зголемувајќи ги шпекулациите за трансфер на 23-годишниот фудбалер, кој би требало да чини околу 20 милиони фунти.

Во интервју за италијанските медиуми, Роси беше запрашан кој од неговите фудбалери најмногу би се снашол во италијанскиот фудбал.

„Во моментов, тоа сигурно е Атила Салаи, кој игра за Фенербахче, но мислам дека работата со Челси е завршена. Го следеа и клубови од Шпанија, но тој се одлучи за Премиерлигата“, вели Роси.

Салаи, кој својата интернационална кариера ја започна во Австрија, има 16 настапи за својата репрезентација. Челси бараат засилување на одбраната, и во исто време преговараат за продолжување на договорите со Тијаго Силва, Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен.

Scroll to Top