Легендарниот фудбалски италијански голман, Џанлуиџи Буфон (42) наводно решил да го продолжи договорот со Јувентус до летото 2021 година, пишува денеска италијански „Тутоспорт“.
Информациите од „Чизмата“ се дека ветеранот меѓу стативите нема намера да се пензионира, а по авантурата во ПСЖ, тој на уште една година ќе го продолжи договорот со „Старата дама“.
Договорот ќе биде склопен на задоволство на сите вклучени страни, а екс-репрезентативецот на Италија наводно ќе му помага на клубот и надвор од теренот.
Иако еднаш го напушти клубот од Торино, сепак односот играч – Управа се чини не е нарушен.
Juventus, Gianluigi Buffon'un sözleşmesini Haziran 2021'e dek uzatmaya karar verdi.
? Tuttosport pic.twitter.com/LKQutA0ZHT
— Asist Analiz #EvdeKalTürkiyem (@AsistAnaliz) March 24, 2020