Top Sport

Пепе Реина „на нога“ ја поминал корона: Како камион да ме прегази!

Шпанскиот фудбалски голман, Пепе Реина кој моментно не чувар на мрежата на премиерлигашот Астон Вила за шпанските медиуми изјави дека претпоставките му се оти бил заразен со коронавирусот, но тоа не го дознал официјално, затоа што Англичаните не му дозволиле да се тестира додека бил во лоша состојба.

Реина за шпанското ради „Кадена Сер“ раскажа низ што се поминал.

„Ги имав сите симптоми на коронавирусот. Суво кашлање, температура и проблеми со дишењето. Разговарав со доктори, им ги кажав симптомите, се укажа на тоа дека имам корона, но не добив нивна потврда. Овде тестови не се прават, ако не си во болница. Се чувствував како камион да ме прегази“ – рече Реина.

Шпанскиот чувар на мрежата вели и дека се изолирал од сите за да не ги зарази, а сега чувствува дека болеста му поминала. Во врска со продолжението на сезоната во Премиерлигата, тој вели дека воопшто не се оптеретува дали и кога ќе продолжат натпреварите.

„Навистина не ми е грижа кога ќе се продолжи со фудбалот. Ова се тешки времиња. Општото здравје е на прво место. Нема смисла да се игра фудбал без публика. Треба да сме многу претпазливи кога се зборува за датуми и рокови. Ние фудбалерите немаме право да се жалиме. Имаме услови да останеме во огромни куќи, а вистинските херои се оние кои живеет во 70 квадрати со 3 деца и имаат финансиски проблеми“ – вели Пепе Реина.

Scroll to Top