Top Sport

Џо Харт пред портите на Барнли

Барнли ги привршуваат преговорите со Манчестер сити за ангажирање на голманот Џо Харт, по што менаџерот на седмопласираниот тим од Премиер лигата минатата година, Шон Дајч ќе има три сегашни или поранешни голмани на англиската репрезентација.

31-годишниот Харт последниот 75. настап за англиската репрезентација го имаше во ноември, по што неговата кариера доби „удар“ со настапите како позајмен играч на Вест хем. Во Барнли имаат уште двајца екс-репрезентативци, Ник Поуп и Том Хитон, но Дајч мора да најде голман поради нивнтие повреди. Хитон минатата сезона ја пропушти проади повреда на рамото, додека Поуп го измести рамото при првиот меч од Лига Европа против Абердин минатата недела.

Со трансферот, за наводни 4 милиони фунти, Харт ќе добие драстично намалување на платата, и останува да се види дали ќе има минутажа кога Поуп и Хитон ќе оздрават.

Scroll to Top