Top Sport

Парма останува „загреана“ за Балотели

Спортскиот директор на повратникот во Серија А, Даниеле Фаџани призна дека се сретнал со агентот на Марио Балотели, но предупредува дека клубот мора да „внимава со буџетот“.

Италијанскиот напаѓач има уште една година од договорот со Ница, кои бараат 10 милиони евра за неговите услуги, иако се веруваше дека е слободен агент ова лето. Неговиот агент, Мино Рајола се обиде да му најде богат договор со Марсеј, но францускиот клуб не го сакаше.

„Се сретнав со агентите на повеќе фудбалери, вклучувајќи го и Балотели. Не е лесно да се добие Супер Марио, а мораме да бидеме внимателни со буџетот“, вели Фаџани.

Парма мора да биде внимателна бидејќи и се заканува враќање во Серија Б поради сомневањата дека наместиле меч против Ла Специја минатата сезона. Ако Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) реши да ги казни со одземање на 2 поени од минатогодишната табела, тоа ќе значи дека Парма нема да е втора во Серија Б, и Палермо ќе го преземе нивното место во елитата.

Scroll to Top