Top Sport

Џо Харт: Велат Манчестер Сити нема иднина, ама има душа!

Поранешниот капитен на Манчестер Сити, голманот Џо Харт не го криеше воодушевувањето откако „граѓаните изборија пласман во големото финале на Лигата на шампионите што годинава ќе се одигра во Истанбул.

„Ова е голем момент за клубот. Луѓето велат дека овој клуб нема иднина во европски рамки, но секако има душа. Многу луѓе поминаа низ клубот во минатото, имаше добри и лоши моменти, но останаа заедно. Тоа е долг процес и среќен сум поради нив, но и поради навивачите со кои сум многу близок. Ништо се уште не е готово, ова не е клуб што само сака да влезе во финалето, туку сака и да го освои“ рече Харт.

Чуварот на мрежата и на „Гордиот Албион“ во Сити дојде како 19-годишник во 2006 година. Дел од екипата беше се до 2018 година, со 348 настапи во синиот дрес. Во моментов е резервен голман во Тотенхем.

„Кога дојдов во 2006 година целта на Сити беше само да заврши во горниот дел од табеата, но тогаш се случи промената на сопственикот, дојде групација од Абу Даби и видовме дека се подготвуваат големи работи. Изградија цврсти темели и го надоградија духот на Манчестер Сити“ заклучи Џо Харт.

„Граѓаните“ на Гвардиола вечерва ќе го дознаат противникот во финалето – Челси или Реал Мадрид.

За Манчестер Сити тоа ќе е прво финале во ЛШ, но и прво европско финале уште од далечната 1970 година кога Сити го освои тогашниот Куп на победници на купови (денешна Лига Европа).

Scroll to Top