Top Sport

Џоел Глејзер ветил дека Солскјер нема да добие отказ, и му дал пари за Халанд и Нигуез!

По состанокот со газдата Џоел Глејзер, Оле Гунар Солскјер добил уверување дека сите се зад него во Манчестер јунајтед, и дека шпекулациите дека бараат замена се само шпекулации, и во исто време му ветил пари со кои Норвежанецот може да продолжи со градењето на тимот со ангажирање на двете главни цели – Саул Нигуез и Ерлинг Браут Халанд, тврди „Дејли мејл“.

По слабиот ноември, Јунајтед стигнаа до две големи победи над Тотенхем и Манчестер сити за да се вратат на петтото место во трката зза место кое води во Лигата на шампионите. Семејството Глејзер е свесно дека изградбата на тимот ќе потрае, и дале зелено светло за ангажирање на Саул Нигуез од Атлетико Мадрид и Ерлинг Халанд од Ред бул Салцбург, иако најреално е тие трансфери да се остварат во текот на летото. Јунајтед покажале интерес и за Дони ван де Бек од Ајакс, иако се верува дека тој ќе замине во Реал Мадрид.

„Оваа недела можеби ќе зборуваат помалку и тоа е поинтересно отколку да одговараш на критики и шпекулации. Треба да знаеме што се обидуваме да направиме и да имаме план. Ако момците се без повреди, ќе освоиме многу поени, а исто така ќе го засилиме тимот. Имаме вистински однос, сега момците имаат поголема самодоверба и сакам да одиме напред“, изјави Солскјер денеска за норвешкиот „ТВ2“.

Scroll to Top