Поранешниот англиски репрезентативец, Џо Кол, реши да стави крај на својата кариера. Најдобрите години во кариерата Кол ги имаше во Челси, со кого три пати ја освои Премиер лигата.
„Ги остварив сите мои сништа, таква беше мојата кариера. Се надевам дека она што мо претстои ќе биде нешто специјално, какви што ми беа изминатите 20 години што ги минав како професионален фудбалер. . Трофеите што ги освоив со Челси се посебна приказна за мене, што ќе ја паметам додека сум жив“, рекол Кол.
Последен клуб за кој што настапуваше Кол беше Тамопа Беј, во САД, а претходно во кариерата играл за Ковентри, Астон Вила, Лил и Ливерпул. Кол инаку е продукт на младинската школа на Вест Хем.
Дебито за Вест Хем го имал на 17-годишна возраст, а четири години подоцна станал и капитен на „чеканите“.
Во 2003 година направи трансфер во Челси. Со овој тим освоил три премиер лигашки титули, две во ФА купот, а 2008 година играше и во финалето, во Лигата на шампионите.
За англиската репрезентација одиграл 56 натпревари на кои постигнал 10 гола.