Top Sport

Солари во Реал до јуни 2020 година

Сантијаго Солари дефинитивно останува на тренерската функција во Реал Мадрид. Клупските челници решиле Аргентинецот да ја добие довербата и со него потпишале 18-месечен договор. Ова значи дека Солари ќе остане на клупата на реал до јуни 2020 година.

Солари, пред две недели го наследи Хулен Лопетеги, но тога беше само привремено решени. Бидејќи правилата во Ла Лига не дозволуваат тренер со нерегулиран статус повеќе од вде недели да предводи некој тим, челниците на Реал му понудиле постојан договор на Агрентинецот.

Од моментот кога г презеде Реал, Солари забележа четири победи со гол разлика 15:2. Реал славеше во дуелите со Мелиља (4:0), Ваљадолид (2:0), Викторија Плзен (5:0) и Селта (4:2).

Сантијаго Солари, во минатото пет години играше во Реал, а потоа работел како тренер во младинските категории и во Б-тимот (Реал Кастилја).

Scroll to Top