Top Sport

Џон Тери брутално ги „тролаше“ Тотенхем и Мурињо

Џон Тери не се возддржа и реши да ја коментира победата на Челси од 2:0 на гостувањето кај Тотенхем и кај нивниот поранешен тренер, Жозе Мурињо.

Тери, кој сега е помошник тренер на Дин Смит во Астон вила, беше воодушевен од победата која ја оствари неговиот добар пријател, Френк Лампард.

„3 поени лејн. Некои работи никогаш не се менуваат“, напиша Тери.

Секако, ова се однесува на стариот стадион на Тотенхем „Вајт харт лејн“ и трите поени кои „редовно“ Челси ги освојува таму.

Scroll to Top