Top Sport

Џон Тери ќе го облече дресот на Спартак

Џон Тери, поранешниот капитен на Челси, нема намера да стави крај на кариерата. Играчот по една сезона ја напушти Астон Вила, а како што објави „Скај Италија“, тој се наоѓа во Москва каде треба да потпише договор со Спартак.

Најтрофејниот руски клуб решил да го ангажира Тери, бидејќи стандардниот Самјуел Жиго, се здобил со тешка повреда.

Тери во централниот дел на дефанзивната линија, на Спартак, треба да игра заедно со Италијанецот Салваторе Бокети.

Англичанецот во Москва веќе ги минал лекарските прегледи и треба уште само да го потпише договорот.

Спартак од клупата го предводи Масимо Карера, човек кој му беше помошник на Антонио Конте во Јувентус и Челси. Токму под палката на Конте и Карера, Тери ја одигра својата последна сезона на „Станфорд Бриџ“.

Scroll to Top