Top Sport

Џон Тери пред сензационален трансфер во Спартак Москва

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери е многу блиску до потпишување договор со Спартак Москва, јавува порталот „Гол“.

37-годишниот Тери си замина од Астон вила, бидејќи второлигашот не успеа да влезе во Премиер лигата и да обезбеди пари за неговата висока плата, по што се шпекулираше дека тој може да заврши во Спортинг Лисабон, но и уште пошокантно во Манчестер јунајтед како решение за дефанзивните проблеми на тој клуб.

Сега „Гол“ јавува дека Спартак ќе му дадат двегодишен договор на ветеранот, откако францускиот бек Самуел Жижо се повреди и нема да може да настапи цела сезона.

Ќе биде интересно ако трансферот се оствари, бидејќи Тери ќе се судри со својот поранешен ривал од Премиер лигата и колега од англиската репрезентација Стивен Џерард, бидејќи Спартак се во иста група со Глазгов Ренџерс во Лига Европа.

Scroll to Top