Top Sport

Кан беше во нокдаун, па го победи Варгас на поени (видео)

Британскиот боксер Амир Кан беше на подот, но успеа да стане и да го совлада Самуел Варгас на поени во меч во велтер категорија пред домашната публика во Бирмингем за да обезбеди меч до крајот ан годината со Кел Брук или Мани Пакјао.

31-годишниот Кан пред мечот изјави дека влегува во „финишот“ на својата кариера, и таа за малку ќе завршеше во втората рунда, кога противникот го прати на подот. Но, тој се врати со два нокдауна и со 119:108, 119:109, 118:110 победа на поени.

„Ми требаа рунди за подобри противници како Бруки и Пакјао. Тој ме ’фати’ убаво со десната рака, но веднаш станав. Сега сакам голем меч“, изјави Кан по мечот.

Scroll to Top