Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери ова лето се подновил со нов, трет дом во Сари, Англија, и британскиот таблоид „Сан“ објавува детали за луксузната вила од 18-ти век.
38-годишниот Тери, кој е помошник тренер во Астон вила, заедно со неговата сопруга, 36-годишната Тони споделија фотографии од луксузниот дом со седум спални, базен и тениски терен.
Оригиналниот дел од куќата е изграден во 1752 година, пред во 20-тиот век да биде целосно реновиран, иако семејството Тери потрошило уште 2 милиони фунти за „дотерување“. Куќата е блиску до нивните два дома во Кобам и Сандаун.