Top Sport

Гвардиола го бранеше Силва по расистичките коментари за Менди

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола уште еднаш застана во цврста одбрана на Бернардо Силва, откако Португалецот беше обвинет за расистички коментари на Твитер кон неговиот соиграч Бенжамин Менди.

Во неделата, Силва на социјалната мрежа објави твит со кој го споредуваше Менди со лик од логото за „Конгуитос“, слатки популарни во Шпанија и Португалија, но го избриша само еден час подоцна.

„Ако луѓето веруваат дека Бернардо е расист, тогаш целосно грешат. Прават проценка на една шега, а јас го знам три години. Бернардо и другите момци од тимот сакаат да се шегуваат. Бенжамин е како брат на Бернардо и го гледам тоа секој ден тука“, изјави Гвардиола.

Британските медиуми објавија дека Силва напишал лично писмо до Фудбалската асоцијација (ФА) изразувајќи жалење за твитот, додека и самиот Менди даде изјава во која го поддржа соиграчот.

Scroll to Top