Астон вила потврдија дека Џон Тери си заминува од клубот по една сезона, откако тимот од Бирмингем не успеа да влезе во Премиер лигата по поразот во баражот од Фулам во саботата.
Тери не откри кои се следните негови планови, но се очекува дека тој ќе добие понуди за големи пари да настапува во Кина и во американската МЛС лига.
„Горд сум што имав можност да бидам фудбалер и капитен на овој голем клуб. Го дадов максимумот на и надвор од теренот и уште ме боли што не влеговме во Премиер лигата, каде што Астон вила припаѓа. Вила секогаш ќе има место во моето срце“, вели Тери.
Според клубот, главната причина за разделувањето е финансиската состојба, бидејќи настапите во Чемпионшип не можат да се споредуваат со тие во Премиер лигата, со што најавија дека и дел од другите фудбалери ќе бидат ставени на фудбалскиот пазар, како Џонатан Коџија и Џејмс Честер.
Club statement: John Terry update…
? https://t.co/hqCPdzCBbo#AVFC pic.twitter.com/tXh06Ucbya
— Aston Villa FC (@AVFCOfficial) May 30, 2018