Top Sport

Џонс е новиот менаџер на Саутемптон

Англискиот премиерлигаш Саутемптон постигна договор со менаџерот на Лутон, Нејтан Џонс (49). Како што пренесуваат медиумите, двете страни ќе потпишат долгорочен договор.

Нејтан Џонс ќе го замени австрискиот тренер Ралф Хасенхитл на стадионот „Сент Мери“, кој беше отпуштен во понеделникот, по поразот од Њукасл со 4:1.

Саутемптон моментално се наоѓа во зоната за испаѓање на 18. место со само 12 освоени бода во Премиер лигата.

Во средата Џонс присуствуваше на натпреварот од Лига купот во кој „светците“ го елиминираа Шефилд Венсдеј по подоброто издание од пенали.

Џонс е поранешен фудбалер на Брајтон е најзаслужен за подемот на Лутон Таун, шестиот тим на табелата во Чемпионшип минатата сезона. Џонс, минатата сезона беше избран за најдобра менаџер во Чемпионшип.

Претходно работеше како тренер во Чарлтон Атлетик, Брајтон и Стоук Сити.

Интересно е што професионалната кариера како играч практично ја започна во Шпанија каде настапуваше во втората лига за Бадахоз и Нумансија.

Scroll to Top