Познатиот холивудски шармер, актерот Џорџ Клуни наводно решил да влезе во светот на фудбалот.
Шпански „АС“ објавува дека американска фирма во која еден од главните акционери е токму Клуни сака да го куби шпанскиот фудбалски клуб, Малага.
Моментно клубот кој во сезоната 2012-13 играше четврфинале во Лигата на шампионите е во сопственост на Абдулах Ал-Тани кој сака да заработи околу 100 милиони евра од продажбата на клубот. Сепак компанијата на Клуни не сака да плати повеќе од она што Ал-Тани го вложи да го купи клубот, а тоа се 36 милиони евра.
„АС“ дознава дека американската компанија, доколку успее да ја купи Малага, планира 24-часовно да го следи животот во клубот, налик на американските популарни шоуа.
Малага моментно е во шпанската втора лига, на 14-та позиција со 8 победи, 8 порази и 13 нерешени по 29 одиграни кола.