Top Sport

Еден од најсмешните автоголови во историјата – парагвајскиот голман се издрибла (видео)

Голманот на парагвајскиот клуб Генерал Дијаз, Густаво Сердан имаше ден кој сигурно нема да го заборави откако успеа да си постигне комичен автогол во дуелот со Гваирена во обид да издрибла противнички фудбалер.

Откако доби додавање од својот соиграч, Сердан се обиде да го измами напаѓачот на Гваирена, Сантијаго Салседо, но обидот дефинитивно не му успеа и тоа на спектакуларен начин.

За среќа, неговиот соиграч Диего Вера постигна гол во финишот на мечот за да извлече 1:1 реми.

Scroll to Top